Венгер утре седнува на клупата на Баерн

twitter/france24

Угледниот германски магазин „Кикер“ ибјави дека преговорите помеѓу Баерн Минхен и Арсен венгер се во завршна фаза и се очекува токму Французинот да го наследни Нико Ковач на клупата на германскиот тим.

„Баерн стапи во контакт со Арсен Венгер кој изрази желба да го резеде водењето на екипата. Венгер би бил привремено решение, само до идното лето кога Баерн би ангажирал тренер на долги патеки. Основниот услов за да дојде до договор помеѓу Венгер и Баерн, e екипата да игра фудбал во кој акцент ќе се стави на поседот на топката, стил на игра кој на „Алијанц“ арената се негува уште од времето Луис Ван Гал“, пишува „Кикер“.

„Кикер“ исто така објави дека Баерн и Венгер се во интензивни преговори и се очекува славниот француски тренер утре да ја напушти Доха, каде работи како стручен аналитичар за беИН спорт, и да пристигне во Минхен на официјално потпишување на договорот со германскиот шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот