Венгер: Треба да се укине зимскиот преоден рок

Французинот сподели идеи кои би можеле да го подобрат финансискиот менаџмент во фудбалот во ерата после пандемијата на коронавирус.

Легендарниот менаџер на Арсенал предложи мерки кои би можеле да го запрат „лудилото“ на високи трансфери во периодот после коронавирусот.

Сегашниот директор на глобалниот развој на фудбалот во ФИФА, Арсен Венгер, смета дека треба да се укине зимскиот преоден рок, бидејќи тој им дава можност на играчите кои не се прв избор кај менаџерите.

Французинот сподели идеи кои би можеле да го подобрат финансискиот менаџмент во фудбалот во ерата после пандемијата на коронавирус.

Тоа вклучува ограничување на висината на платата која клубовите ја исплаќаат на играчите, воведување лиценци за агентите и укинување на зимскиот преоден рок.

Јас сум за укинување на зимскиот преоден рок. Менаџерите не се снаоѓаат најдобро со тој период. Веќе во октомври, кога се случи некој од фудбалерите повеќе не играат во првиот состав, тие се обидуваат да најдат нов клуб и само го чекаат јануари да направат трансфер. Повеќе не се мотивирани и се откажуваат од сè – рече Венгер.

Екс менаџерот на „топчиите“ се залага и за ограничување на платите на играчите:

Се залагам за ограничување на дел од буџетот во клубот кој е наменет за платите на играчите. На пример на 50 проценти. Пола од буџетот на клубот се одредува за исплата на играчите, втората половина ги покрива сите останати трошоци. Во Арсенал ваквото правило беше наметнато од страна на банките, не смеевме да го надминеме делот на буџетот наменет за платите. Но, но тоа не беше пречка да исплаќаме навистина високи плати – додаде Венгер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот