Венгер: Со Суперлигата сакаат да ја уништат Премиер лигата

фото: EPA-EFE/AHMED JALLLANZO

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, реагираше на последните најави за можното формирање на европска Суперлига.

Шпанскиот весник „АС“ денеска објави како треба да изгледа лигата во која ќе играат само најбогатите и најголемите европски екипите, но Венгер смета дека зад сево ова се кријат обиди да се минимизира англиската Премиер лига.

Премиер лигата е далеку пред сите останати лиги. Останатите лиги сакаат да ја уништат таа надмоќ што ја има Премиер лигата, а најдобра алатка за тоа е формирање на Европски Суперлига. Тоа ќе значи уништување на Премиер лигата. Доколку заговорниците на новата лига добијат дозвола од големите англиски тимови, тогаш таа ќе заживее – вели Венгер.

На прашањето дали Суперлигата е финансиски проект, Венгер даде интересен одговор.
– Суперлигата исто така е и фудбалски проект, но  живееме во време во кое сопствениците на екипите се и инвеститори. А, првата цел на инвеститорот е да генерира повеќе пари. Суперлигата од таа перспектива е можеби нов начин да се заработат уште пари – додава Венгер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот