Венгер си најде нова работа

фото: EPA-EFE/AHMED JALLLANZO

Арсен Венгер денеска го имаше првиот работен ден на новата функција во ФИФА. Славниот француски тренер беше пречекан од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Венгер ќе биде задолжен за развој на фудбаллот во светот како во машка така и во женска конкуреција, а исто така ќе води сметка и за техничките прашања и ќе учествува во процесот на носење на важни одлуки кои се однесуваат за промена на правилата и законите.

– Се радувам што пред мене имам неверојатно важен предизвик, не само поради тоа што отсекогаш бев заинтересиран да работам во фудбалот од поинаква перспектива од тренерската. Ова е предизвик за мене и поради глобалната мисија на ФИФА. Мислам дека новото раководство на ФИФА се грижи за фудбалот, и развојот на оваа игра е најважната мисија за сите нас – изјави Венгер.

Арсен Венгер минатата година ја напушти тренерската професија откако во последните 22 години седеше на клупата на Арсенал. Тој во последните неколку месеци работеше како стручен аналитичар за неколку ТВ куќи, а минатата недела беше поврзуван и со преземање на клупата на Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот