Венгер се враќа на клупата, за еден натпревар ќе добие два милиони долари

Многумина се свртеа против идеите на поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер/ фото: EPA-EFE/RUI VIEIRA

Легендарниот француски тренер Арсен Венгер се враќа на клупата по три и пол години и тоа добро ќе го наплати.

Венгер кој моменто е шеф во ФИФА за глобален разбој на фудбалот, ќе ја предводи селекцијата на Саудиска Арабија на пријателскиот натпревар против ПСЖ кој ќе се игра во Ријад и за овој ангажман ќе добие два милиони долари.

Венгер не тренирал ниту еден тим уште од 2018 година кога објави дека по 22 години поминати на клупата си заминува од Арсенал.

Репрезентацијата која Венгер ќе ја предводи ќе биде составена од фудбалери на двата најголеми клубови во Саудиска Арабија, Ал Хилал и Ал Наср и ќе игра против Лионел Меси, Нејмар, Килијан Мбапе и останатите ѕвезди на ПСЖ. Натпреварот треба да се одигра во јануари идната година.

– Големиот тренер Арсен Венгер потпиша договор и ќе ги предводи ѕвездите на Ал Хилал и Ал Наср – изјави Турки Алшеик, член на фудбалската федерација на Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот