Венгер: Се радував на поразот на Ливерпул

twitter/sport.sky.de

Поранешниот менаџер на Арсенал, изјави дека беше среќен кога Ливерпул го доживеа единствениот пораз досега во сезоната и нема да може да го повтори успехот на „топчиите“.

Венгер во сезоната 2003/04 со Арсенал триумфира во Премиер лигата на неверојатен начин – не доживеа ниту еден пораз од своите ривали, а Ливерпул во оваа сезона беше во серија од 27 натпревари без пораз пред да загуби од Вотфорд со 3:0 во февруари годинава.

– Да, тој пораз беше еден вид сатисфакција, секогаш сакаме да бидеме единствени кои имале такво достигнување. Ливерпул навистина можеше да оди до крајот, но тој пораз само покажува колку е тешко да се повтори нашиот подвиг. На денот кога загуби Ливерпул, добив многу пораки од навивачите на Арсенал – вели Венгер.

Венгер даде и свој коментар на актуелната состојба во која владее пандемијата на коронавирусот , тој смета дека натпреварите без навивачи не се идеални, но нема друг избор.

– Мислам дека натпреварите пред празни трибини е едно од најдобрите решенија во овие моменти, бидејќи одлуката за шампионот ќе биде донесена на теренот.  Мора да им признаеме на Германците дека се многу храбри, продолжувањето на Бундеслигата е голема промоција за нивниот фудбал – додава Венгер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот