Венгер сака промени во фудбалот, исфрлете ја Лигата на нации!

фото: EPA-EFE/AHMED JALLLANZO

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, сега советник на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за глобален развој на фудбалот, вели дека Светското првенство треба да се одржува на две години, а не како досега на четири.

Воедно Венгер утврди дека сегашните четиригодишни интервали на Светските првенства не се фер кон играчите.

– Доколку ги погледнете репрезентациите на Светските првенства, просечната возраст е 27, или 28 години. И бидејќи Светското првенство е на секои четири години, шансите да се освои повторно се многу мали, затоа што тогаш веќе сте во доцните години. Затоа можеби треба да го организираме Светското првенство на секои две години – рече Венгер во интервјуто за „BeIn Sport“.

Венгер во минатото беше критичен кон УЕФА Лигата на нации и е поддржувач на идејата дека Светското и Европското првенство се најважни.

– Исфрлете сè друго. Организирајте само значајни натпреварувања и отстранете ги сите паралелни натпреварувања од календарот. Луѓето мора да разберат за што станува збор и да имаат само игри со значење – рече Французинот, кој истакна дека треба да се смени системот за квалификации.

– Би рекол дека е логично да се скратат квалификациите, бидејќи наместо термините во октомври, ноември, септември, март, јуни, сите квалификации би ги играле со повеќе натпревари во октомври и февруари. Играчите и клубовите би биле посреќни – изјави Венгер.

Французинот призна дека неговата идеја сезоната да трае од март до ноември наиде на мала поддршка и смета дека летната пауза е целосно непотребна и застарена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот