Венгер: Нема да ме видите повеќе на клупа

фото: EPA-EFE/AHMED JALLLANZO

Арсен Венгер минатото лето по 22 години се повлече од клупата на Арсенал и не беше сигурно дали повторно ќе биде тренер на некоја екипа. Шпекулациите дека ќе презеде некоја врвна екипа беа активни речиси цела година, се споменуваа екипи како Баерн Минхен, Милан, ПСЖ, а неговото име беше и во комбинација за спортски директор.

– Мислев дека брзо ќе се вратам на тренерската функција, но уживав од дистанца. Од сегашна гледна точка, повторно ќе бидам активен во фудбалот но не сум сигурен дека ќе се вратам како тренер. Оваа година без активен во хуманитарни цели, одев на конференции и уживав во тоа. Имав далеку помалку стрес од работата како тренер – вели Венгер.

Французинот би сакал да се врати во фудбалот како спортски директор или инструктор во ФИФА или УЕФА каде би обучувал млади тренери.
– Имам подобра перспектива за тоа што се случува и последно ги гледам грешките кои ги прават тренерите, а јас не плаќам за тие грешки. Сакам да го поделам стекнатото искуство кое не е мало. Фудбалот и понатаму е моја страст и набрзо ќе се вратам – додаде Венгер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот