Венгер ќе имаше силен тим: Меси, Роналдо, Санчо, Пике..(ФОТО)

twitter/sport.sky.de

Французинот со Арсенал успеа трипати да ја освои Премиерлигата, а седумпати трофејот во ФА купот.

Поранешниот менаџер на Арсенал кој вкупно 22 години беше на клупата на лондонскиот клуб, беше многу блиску да ги ангажира едни од најдобрите имиња во фудбалот.

Арсен Венгер со „топчиите“ успеа трипати да ја освои Премиерлигата, а седумпати трофејот во ФА купот.

Англичаните повторно објавуваат низ социјалните мрежи за тоа колку блиску бил францускиот тренер да го обезбеди потписот на Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Џанлуиџи Буфон..

Така, на пример во 2003 година беше многу блиску да ги обезбеди услугите на моментно најдобриот играч на светот, Меси.

Бевме во разговори со Меси кога го ангажиравме Фабрегас, бидејќи Меси играше со него – беа зборовите на Венгер.

Потоа, и Роналдо, кој моментно ги брани боите на италијанскиот шампион Јувентус.

Многу блиску. На еден чекор пред трансфер – рече Венгер. Португалецот исто така во интервјуто со Пирс Морган за ИТВ, истакна дека тоа е вистина, и бил многу блиску да го облече дресот на Арсенал.

Џејдон Санчо, кој е дел од Борусија Дортмунд, исто така беше посакуван од Венгер.

Сакав да го ангажирам од Манчестер сити кога немаше минутажа. Да дојде, бидејќи е роден во Лондон. Тој е еден од најдобрите играчи во неговата генерација – се зборовите на францускиот стратег.

Замислениот „Дрим-тим“ на Венгер:

Рафаел Варан, Чаби Алонсо, Јаја Туре, Винсен Компани, Жерар Пике, Џанлуиџи Буфон, Лионел Меси, Џејдон Санчо, Кристијано Роналдо, Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот