Венгер е противник на Суперлигата: Знаев дека нема да успее бидејќи е американски проект

Легендарниот менаџер Арсен Венгер со Арсенал трипати ја освои Премиер лигата/фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер се израдува на неуспехот на европската Суперлигата во која еден од учесниците требаше да биде и неговиот тим.
Венгер во разговорот за британски „Телеграф“ изјави дека Суперлигата имаше спротивни начела од основните на кои се заснова спортската култура во Европа.
– Не разбирам како е можно да верувате дека со ограничување на пристапот на најдобрите натпреварувања ќе ги натерате навивачите да го прифатат тоа, посебно вистинските фудбалски навивачи – вели Венгер кој сега е директор за развој на фудбалот во ФИФА.

Според Французинот заслуги за пропаѓањето на Суперлигата покрај навивачите, имаат и фудбалерите кои беа целосно игнорирани од страна на творците на „лигата на богатите“ но сепак го кренаа гласот.
– Постои причина за загриженост поради управите на најголемите фудбалски екипи. Горд сум на одговорноста која ја презедоа фудбалерите по ова прашање. Тоа покажува голема еволуција која ја видовме од почетокот на сезоната во Англија. Играчите се се повеќе вклучени во носењето на одлуките и многу сум горд на таквиот развој.

Венгер верува дека англиските клубови со своите дејствија прават се за да ја уништат Премиер лигата.
– Сите сакаат да ја уништат Премиер лигата. Англичаните ја имаат најсилната лига во Европа. 100 проценти сум сигурен дека Суперлигата ќе ја уништеше Премиер лигата. Но, од почетокот знаев дека Суперлигата немаше да успее бидејќи тоа е проект во американски стил, а тоа не поминува во Европа- заврши Венгер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот