Венгер: Арсенал стана нечовечки клуб

twitter/sport.sky.de

Арсен Венгер минатото лето си замина од Арсенал откако дури 22 години беше главен тренер. Тој од „топчиите“ си замина по неколкуте разочарувачки сезони во кои немаше освоено трофеј. Последната титула Арсенал ја освои во 2004 година, а оттогаш освои само уште три трофеи во ФА купот.

На местото на Венгер дојде Унаи Емери кој неодамна доби отказ по најлошата серија на клубот по 1977 година. Арсенал пред понеделничкиот триумф над Вест Хем, имаше серија од осум натпревари без победа во низа.

– Овие денови големината на клубот онезможува да ја задржат културата на играта. Кога пристигнав во Арсенал, во клубот бевме 80 луѓе, а кога си заминував бројката изнесуваше 750 луѓе. Кога има толку голем број на луѓе во една организација, секој размислува за тоа како да се спаси, а не како да напредува. Затоа тренерот не смее да биде единствениот виновник за поразите, со толкава администрација мора да имаме колективна одговорност. Највеќе жалам што Арсенал од човечки, стана нечовечки клуб полн со администрација – изјави Венгер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот