Венгер: Арсенал би можел оваа сезона да ја освои титулата во Премиер лигата

Легендарниот менаџер Арсен Венгер со Арсенал трипати ја освои Премиер лигата/фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Арсенал покажува одлични игри оваа сезона, по седум кола во Премиер лигата, составот на Микел Артета е на врвот на табелата со 18 бодови, еден повеќе од Манчестер сити и Тотенхем.

Поранешниот менаџер на „топџиите“, Арсен Венгер се осврна на досегашните резултати. Во интервјуто за „Скај Спортс“ тој изјави дека неговиот поранешен клуб може да ја освои титулата во Премиер лигата оваа сезона.

Славниот Французин го водеше Арсенал од 1996 до 2018 година, а лондонскиот клуб со него на клупата ја освои последната шампионска титула во сезоната 2003/04.

Венгер смета дека оваа сезона на чекањето може да дојде крајот и дека неговиот поранешен клуб предводен од Артета има добри шанси да стигне до титулата.

– Мислам дека имаат добри шанси да ја освојат титулата оваа сезона бидејќи во моментов нема доминантен тим во лигата. Затоа мислам дека ова е навистина добра можност за Арсенал. Секако, ова е нешто помалку посебна сезона, бидејќи ќе биде прекината од Мундијалот, а не се знае колку тоа ќе се одрази на перформансите на одредени играчи и екипи. Генерално, верувам дека може многу да се случи оваа сезона – рече Венгер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот