Венецуелски воен брод нападна германски крузер, па потона – Мадуро го прогласи инцидентот за терористички акт

Венецуелски воен брод нападна германски крузер, удрил во него неколку пати, па потонал, пренесува Си-Ен-Ен.

Инцидентот се случил во близина на Венецуела, но во меѓународните води каде крузерот наречен RCGS Resolute бил на сервис за редовното одржување. Ескалацијата се случи кога воен брод на венецуелската морнарица му нареди да го смени курсот.

Според наводите на крузерската компанија со седиште во Хамбург, можело да се слушнат истрели, а набргу потоа следел страничен удар на венецуелски воен брод.

Крузерот претрпел мала штета, воениот брод потонал. На крузерот имало вкупно 32 членови на екипажот, но немало патници.

Венецуелската морнарица потврди дека овој инцидент се случил, но понудил различна верзија на настанот. Според венецуелските власти, инцидентот се случил во нивните територијални води, во близина на островот Ла Тортуга.

Мадуро го прогласи инцидентот за терористички акт

Министерот за одбрана на Венецуела посочи дека ккрузерот „можеби превезувал платеници подготвени да ја нападнат Венецуела“.

Претседателот Николас Мадуро го опиша настанот како „терористички чин“ и нареди темелна истрага. Мисијата за спасување на членовите на екипажот на венецуелската морнарица е успешно завршена. Сите членови на екипажот се спасени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот