Венецуела, Мексико и Перу со осуда на пучот против боливискиот претседател

Претседателот на Венцуела, Николас Мадуро и шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард го осудија пучот против боливискиот претседател Ево Моралес.

Мадуро го осуди пучот против својот сојузник Моралес, откако војската побара, а тој се согласи, да се повлече од функцијата за доброто на земјата.

-Категорички го осудуваме пучот против нашиот братски претседател- напиша Мадуро на Твитер, пренесен од британските медиуми.

Истовремено, Мадуро, чиј претходник Хуго Чавез повремено беше ментор на Моралес, ги повика сојузниците ширум светот да се мобилизираат, за да се заштити првиот боливиски претседател од редовите на автохтоните народи.

И мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард изјави дека неговата земја не ја прифаќа воената операција што се случи во Боливија.

-Не го прифаќаме тоа, тоа е слично на трагедиите кои ја закрвавија нашата Јужна Америка во минатиот век. Мексико ќе остане при својот став да се почитуваат демократијата и институциите”- напиша Еврард на Твитер, пренесен од британските медиуми.

На веста за оставката на Моралес реагираше и Перу, која повика на „обнова на мирната состојба во Боливија”

Во краткото соопштение Владата во Перу повика на транспарентни избори со помош на Организацијата на американски држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот