Венеција ја чека уште еден ТЕЖОК ДЕН: Плоштадот „Свети Марко“ е затворен – Слободен печат
ВестиПланета

Венеција ја чека уште еден ТЕЖОК ДЕН: Плоштадот „Свети Марко“ е затворен

Градот, кој во вторникот се соочи со најголемите поплави во изминатите 50 години, денес е загрозен од висока плима од околу 160 сантиметри, соопшти градскиот центар за прогнози на плимата и осеката.

Во неколку италијански градови на снага е висок степен на подготвеност како резултат на обилните врнежи од дожд во текот на ноќта, вклучително и во Венеција, каде жителите и туристите се подготвуваат за уште една голема плима и каде плоштадот „Свети Марко“ е повторно поплавен и затворен за јавноста.

Градот, кој во вторникот се соочи со најголемите поплави во изминатите 50 години, денес е загрозен од висока плима од околу 160 сантиметри, соопшти градскиот центар за прогнози на плимата и осеката.

Властите на Фиренца и Пиза го следат нивото на водата на реката Арно, кое брзо се зголеми во текот на ноќта поради обилните врнежи од дожд, пренесува „Ројтерс“.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро во саботата предупреди дека градот се подготвува за уште еден „тежок ден“. Сепак, тој истакна дека ситуацијата се очекува да биде помалку драматична отколку во вторникот, кога беа поплавени плоштади, продавници, куќи и хотели.

Плоштадот „Свети Марко“ е затворен денес, само еден ден откако на туристите и жителите на Венеција им беше дозволено да влезат на плоштадот.

Изградена на низа мали острови, Венеција е особено ранлива од комбинацијата на покачено ниво на морето како резултат на климатските промени и веќе воспоставеното пропаѓање на градот во калта.

Според службата за надгледување на плимата и осеката во градот, нивото на морето околу Венеција е 10 сантиметри повисоко, отколку што беше пред 50 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close