Венеција го активираше најновиот систем против поплави, утре се очекува метар над просекот

Фото: EPA/Andrea Merola

Властите во Венеција денеска го активираа системот за заштита од поплави поради очекуваното покачување на нивото на морето.

Градоначалникот Луиџи Брунијаро на твитер објави дека утре изутрина се очекува водостојот да се искачи за 130 сантиметри над просекот.

Како одговор, ќе се активира системот од скоро 80 ​​прегради, чија задача е да го заштитат градот од поплави. Преградите кои блокираат три притоки што се влеваат во главната лагуна во Венеција треба да го спасат од поплави градот и неговите главни обележја, како што е плоштадот Свети Марко.

Системот беше тестиран за првпат на почетокот на овој месец, но градот сепак беше поплавен откако системот задоцни поради пропусти во комуникацијата. Проектот чини скоро шест милијарди евра и беше планиран со децении, а со работа пред 17 години. Сепак, градежните зафати беа попречувани поради корупција и бирократија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот