Венчавка во време на корона – Ана и Деан се венчаа во празниот Задар, кумовите на пропишаното растојание

ФОТО: Facebook

На венчавка отидоа почитувајќи ги сите препораки предвидени за спречување на ширењето на корнавирусот.

Ана Раониќ, инженер по агроекономија и нејзиниот сопруг Деан, професор по математика и физика, се венчаа во целосно празниот Задар, на претходно закажаниот датум.

„Сте слушнале за оној, за некого романтичен, за некого претеран израз ‘љубов во време на корона’? Ана и Деан во рок од 24 часа станаа симбол на тоа“, пишува сплитска „Слободна Далмација“.

Се венчаа на 21 март , а 10 дена пред свадбата, се уште, се течеше според планот.


А планот бил: „Весели гости, родители, браќа и сестра, ние подготвени и во исчекување на веселиот пир. Венчаницата е скроена, колачите во процес на изработка, костумот на закачалка, цилидарот подготвен. Единствена неизвеснот беше дали цвеќарката ќе може да ги набави посакуваните момини солзи за свадбениот букет“, раскажува Деан.

Натамошниот тек на настаните, велат младенците, го знаете отприлика сите:


Иронијата да биде поголема, денот на венчавката, 21. март бил и роденденот на Ана.

Таа на шега вели дека знаела да каже дека роденденот ќе го прослави со голем број гости, а патем и ќе се омажи.

Наместо тоа, на венчавка отидоа почитувајќи ги сите препораки предвидени за спречување на ширењето на корнавирусот.

Се пријавиле, велат кај дежурните служби и во полиција и само со родителите и кумовите и тоа на прописно растојание во неколку групи по двајца, отишле кај матичарот.

Но, на самата венчавка присуствувале само младенците, матичарката и кумовите.

Тажни се бидејќи на венчавката не присуствувале нивните родители.

„Дефинитивно беше необично поради заштитните мерки за растојание, маските и ракавиците. Но беше и интимно, романтично и свечено“, раскажаа младенците за сплитка „Слободна Далмација“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот