Велт: Илјадници луѓе повторно бараат азил во Германија

Фото Архива

Илјадници баратели на азил кои живеат во Германија веќе биле депортирани или доброволно ја напуштиле земјата пред да се вратат и повторно да побараат азил, пишува весникот Велт.

До 30 октомври оваа година во Германија имаше 4.916 баратели на азил кои влегле во земјата двапати од 2012 година и тогаш биле или депортирани или отишле доброволно, по што повторно се вратиле и по третпат поднеле барање за азил, пишува весникот, повикувајќи се на информации од германската Влада.

Во Германија има 1.023 баратели на азил кои по четврти пат се обидуваат да добијат азил, а 294 се обиделе петпати или повеќе.

Според германското Федерално биро за статистика, 1,78 милиони луѓе дошле во земјата помеѓу 2010 и 2018 година барајќи прибежиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот