Велшанецот блескаше за „кралевите“, неверојатни бројки на Бејл! (ВИДЕО)
Во последните неколку сезони во Реал максимално се трудеа да се ослободат од Герет Бејл и неговите плати, но Велшанецот не се откажуваше и фановите беа лути поради неговото однесување и воедно играње голф.
Бразилецот Роналдо за Реал Мадрид постигна 104 голови, Дејвид Бекам имаше 51 асистенција за составот од „Бернанеу“, потоа Луиш Фиго одигра 245 натпревари, Зинедин Зидан како играч освои шест трофеи, а Раул трипати се закити со трофејот во Лигата на шампионите.
Сите овие имиња се запишани во историјата на славниот мадридски клуб, но и Бејл може да се пофали со учинокот дека со шпанскиот гигант четирипати ја освои ЛШ, трипати беше светски клупски шампион, по двапати „Ла Лига“ и УЕФА Суперкупот, а по една титула во Копа дел Реј и националниот Суперкуп.
Во 251 натпревар за Реал Мадрид реализираше 105 голови и додаде 68 асистенции, севкупно фантастични седум години во Шпанија.
Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан вели дека никогаш немал проблем велшкиот интернационалец.
– Имавме расправии, но никогаш не сум имал проблем со него. Такви работи секогаш ќе се случуваат. Сега тој прави промена и сè што можеме да сториме е да му посакаме само најдобро. Секогаш велев дека тој е неверојатен играч. Знам што направи за Реал. Бејл секогаш демонстрираше класа и тоа е неспорно – рече Зидан.