Велосипедист загина во бизарна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, удрил во запрено комбе

Фото: МИА / илустрација

55-годишен велосипедист денеска загинал возејќи на автопатот Тетово-Скопје кога удрил во комбе запрено поради дефект, соопшти полицијата.

„Во 13.20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, во непосредна близина на Добарски надвозник, велосипед управуван од Н.Р.(55) од Скопје удрил во запрено, поради дефект, товарно возило „Фолксваген Крафтер”, со скопски регистарски ознаки. На местото на несреќата од здобиените повреди починал велосипедистот, а смрт констатирала екипа од тетовската Брза помош“, се вели во полициското соопштение.

Увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

И покрај тоа што според законот не смеат да возат по автопат, возачи постојано алармираат дека на делницата меѓу Скопје и Тетово секојдневно можат да се забележат велосипедисти кои возат по лентата за сопирање, а сообраќајната полиција ги толерира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот