Велосипедист инспириран од Ана Франк на соседите им носи лекови и храна

фејсбук

Холанѓанецот Дилен Гроневеген кој има победи на четири етапи на најпозната велосипедска трка Tour de France, израсна во Амстердам и тоа на улицата каде се криеше Ана Франк и го пишуваше својот дневник.

Дилен Гроневеген во локален маркет по намирници кој потоа ќе ги однесе на оние кои не се во можност да отидат сами  / Фото: Инстаграм

Велосипедистот инспириран од нејзината реченица „сакам да бидам од корист и на оние луѓе кои никогаш не сум ги познавала и да продолжам да живеам откако ќе умрам“, одлучи да даде свој придонес во борбата против ковид-19..

Дилан Гроневетер во време кога речиси целиот свет е ставен во карантин одлучи да им помага на соседите кои не смеат или не се во можност да излезат од своите домови. Тој преку социјалните мрежи се понуди да им доставува храна и лекови.

Фото: Инстаграм

Бидејќи во неговиот град нема аптека, тој секојдневно вози по 40-тина километри за да им донесе се што е потребно на постарите лица.

Сега немаме трки и време е да им се помогне на останатите на кои тоа им е потребно. Ќе им доставувам се што треба на постарите луѓе кои не смеат да излезат надвор. Доколку ви е потребна помош, јавете ми се“, напиша Гроневетер.

Иста работа, но во Италија право професионалниот велосипедист Давиде Мартинели.

Откако слушна дел од нивните приказни, Давиде реши да им помага на најранливите / Фото: Инстаграм

Бидејќи во неговиот град нема аптека, Мартинели секојдневно вози по 40-тина километри за да им донесе се што е потребно на постарите лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот