Вело-култура колку да се рече: Небезбедна велосипедска инфраструктура во Гевгелија

фото Фејсбук

По Скопје, Тетово и Охрид и во Гевгелија се нанесува боја во обид за велосипедска патека. Цртање боја не прави безбедна инфраструктура. Пред се потребно е да се смени подлогата, да не биде со дупки, распукан асфалт и потонати шахти,  а потребни се физички препреки за да може безбедно да се возат велосипедите, велат во фејсбук статус од граѓанската иницијатива „На точак“.

-По Тетово и Охрид имаме уште еден град каде само се нанесува боја за да се нарече велосипедска инфраструктура.

Како и што видовме во Тетово, Охрид и во Скопје пред почетокот на Скопје Велоград, цртање боја не прави безбедна инфраструктура.

Пред се потребно е да се смени подлогата (да не биде со дупки, распукан асфалт и потонати шахти), а понатаму потребни се физички препреки за да може безбедно да се возат велосипедите.
Се друго е импровизација која не ја зголемува безбедноста, дури и може да води кон обесхрабрување од изведба на пообемна и квалитетна вело инфраструктура бидејќи постојната нема да се употребува.
Истото важи и за скоро бескорисните спирални паркинзи за предно тркало, истото важи и секоја супстандардна импровизација.
Затоа бараме од Министерство за Транспорт и Врски, во соработка со Град Скопје и останатите општини конечно да го донесе Правилникот за планирање, проектирање и изведба на велосипедска инфраструктура на кој имаме работено и стои во фиока веќе преку 5 години. Се дури не се донесе правилник кој би ги обврзувал изведувачите и планерите, ќе гледаме вакви супстандардни решенија кои служат единствено за фалење од страна на општинските власти.
P.S. Од сликите не може да се види убаво, но ни изгледа како широчината на лентата да е околу 1 метар, а минималната дозволена за велосипедска ЛЕНТА од последниот Правилник за урбанистичко планирање донесен во 2020 изнесува 1,5 метри. Во некои држави минимумот е повисок (1,75 метри, 2,2 метри итн) , а 1,5 метри смее да се користи само во исклучителни ситуации со докажување дека на ниеден начин не можела да се примени поширока лента.

1,5 метри е минимална потребна широчина за 1 велосипед во која ќе може комотно да маневрира, да избегнува нерамнини, да одржува рамнотежа и сл. Доколку сакаме да има комотен простор за разминување, паралелно возење, простор за трицикли, за велосипеди за лица со посебни потреби, за велосипедски приколки итн, тогаш мораме да се стремиме и кон повисоки стандарди од 1,5 метри, а не да ги спуштаме, се вели во нивниот статус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот