Велковски: Неверојатната публика ни даваше енергија да издржиме до крај против Спортинг

мартин велковски еурофарм пелистер
Мартин Велковски („Еурофарм Пелистер“) во акција на дуелот против Спортинг/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Е. Пелистер славеше важна победа во салата „Боро Чурлевски“ во Битола над Спортинг од Португалија и направи значаен чекор во освојување на една од позициите кои водат во следната фаза.

Тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ на прес конференцијата по мечот истакна дека ова е голем успех за неговата екипа.

– Честитки до моите играчи, горд сум на нив, тие се бореа до крајот на натпреварот. Покажаа квалитет, срце, одиграа многу добро. Во вториот дел одбраната беше одлична. Покажавме дека сме вистинска екипа со оваа серија од пет европски мечеви без пораз – изјави Бабиќ.

Ракометарот на Е. Пелистер, Мартин Велковски кој на вечерашниот дуел двапати се запиша во листата на стрелците истакна дека беше тешко да се игра со ривалот од Португалија во изминатите две кола.

– Спортинг има многу добра одбрана, агресивна, имавме проблеми и во Лисабон, и тука на почетокот. Но, знаевме дека какво патување ги чека бидејќи ние први патувавме кај нив и знаевме дека е тешко да се издржи физички цел натпревар. Доста е густ распоредот и за двете екипи, и во второто полувреме очекувавме тие да паднат физички, а ние имавме неверојатна публика која ни даваше многу енергија да издржиме до крај на овој меч и да направиме огромен успех – се зборовите на Велковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот