Велковски: Има ветување од ВМРО-ДПМНЕ за одблокирање и на други закони

Пратеникот Диме Велковски од СДСМ очекува наскоро претседателот на Собранието Талат Џафери да закаже седници на кои ќе се донесат законите од петиот актикризен пакет, еден закон од четвртиот сет мерки, но и други законски решенија и одлуки.

– Имаше амандмани, бидејќи датумите не коинцидираа со продолжените законски решенија. Денеска на Комисија помина еден закон од четвртиот пакет закони, а тоа е повеќе од 20.000 граѓани да добијат по шест илјади денари неповратни средства. И два закони од петиот пакет мерки коишто изнесува над 160 милиони евра. Задоволство ми е да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса се согласија да го одблокираат овој процес којшто е повеќе од потребен за стопанствениците и за самостојните вршители на дејноста, рече Велковски.

Тој потенцира дека уште закони се блокирани во собраниска процедура, а меѓу нив, како што кажа се и измените и дополнувањата на законите за административни службеници, за високо образование, за внатрешни работи, за работни односи, за здравствена заштита итн. За овие закони, вели Велковски, има расположение и ветување од ВМРО-ДПМНЕ да бидат одблокирани. За секој од нив има поднесено по стотици амандмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот