Велковска од Загреб: Беше престрашно, ми се вратија сликите од земјотресот во Скопје ’63

Костадинка Велковска, актерка од Загреб во „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“ го сподели своето искуство од вчерашниот земјотрес во главниот град на Хрватска.

-Беше престрашно. Бев будна и се почна да се тресе. Ми се вратија сликите од земјотресот во Скопје 1963. Едно страшно чувство. Луѓето се преплашени. Загрепчани уште не можат да се смират. Кај мене сите стакла се искршија. Фиоките и книгите испопаѓаа, рече Велковска.

Серијата земјотреси кои следеа по првиот во утринските часови, ги извадија граѓаните на улица и покрај мерките за заштита од коронавирусот.

-Коронавирусот кој хара низ Хрватска е ужасен. Воопшто не излегувам од станот. За набавките постојат волонтери кои не снабдуваат, изјави Велковска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот