Велковска: ЈП Лајка работи без одобрена програма од Агенцијата за храна и ветеринарство

Активистката за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје Драгана Велковска, денес го објави документот во кој се гледа дека во одговорот стои фактот дека програмата за работа на ЈП Лајка не е одобрена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Денес добив одговор на претставката што ја поднесов против ЈП Лајка Скопје. Прифатилиштето работи без одобрена програма од Агенцијата за храна и ветеринарство – Food and Veterinary Agency!
Одобрувањето на програмата е законска обврска според чл. 28 ст. (3) од Законот за заштита и благосостојба на животни!

Незаконско работење е можно само со перпетуирање на длабоката партизираност на институциите. Да не му се наруши „угледот“ на Шилегов. Да не види јавноста дека 4 години е неспособен да отвори и законски да управува со еден обичен стационар за бездомни животни, камоли нешто повеќе!

Устава пена ми фати во Совет на Град Скопје дека програмата што ја гласа владејачкото мнозинство (веќе третпат по ред!) е противзаконска.

Ништо нема да се смени додека активисти-волонтери за животни и животна средина не станат дел од Советот на Град Скопје! Ништо!, напиша Велковска на својот Фејсбук профил.

Активистката Драгана Велковска повторно бара разрешување на директорката на „Лајка“

Активистката Драгана Велковска повторно бара разрешување на директорката на „Лајка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот