Велкоски го „напаѓа“ гигантот Селтик! – Слободен печат
СпортФудбал

Велкоски го „напаѓа“ гигантот Селтик!

Денеска започнуваат натпреварите од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, во нив се наоѓа и македонскиот првак Шкендија.

Шкендија ќе се обиде да извлече поволен резултат на првиот дуел денеска во Естонија пред реваншот во Скопје.

Освен Шкендија, во текот на денешниот и утрешниот ден очекуваме настапи на уште двајца наши репрезентативци, Крсте Велкоски и Стефан Спировски.

Најпрвин, дебесја Велкоски со својот Сараево (БиХ) ќе ги одмери силите против шкотскиот гигант Селтик, а Спировски утре од 20.00 часот дома со Ференцварош се сретнува со Лудогорец од Бугарија.

Победникот од пресметката Селтик-Сараево во второто квалификациско коло на ЛШ ќе игра против подобриот од двомечот Номе Калју-Шкендија.

Лига на шампиони 2019/20

Квалификации, 1. коло (први натпревари)

Денеска –

15.00 Астана-Клуж
16.00 Арарат Ерменија-АИК
18.00 ХЈК-Торшавн
18.00 Номе Калју-Шкендија
19.45 Сараево-Селтик
20.00 Дуделанж-Валета
20.00 Судува-Црвена Звезда
20.00 ТНС-Фероникели

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close