Велко Маркоски е нов играч на Металург

twitter.com/Hballtransfers

Нашиот репрезентативец кој воглавно настапува во делот на одбраната ја продолжува кариерата во клубот од Автокоманда. До крајот на сезоната столбот во дефанзивниот дел официјално потпиша договор.

33-годишниот стружанец Велко Маркоски во периодот од 2017-2019 година ги бранеше боите на романската екипа Доброгеа Суд.

Веќе беше дел од составот на Металург од 2010-2015 година, прв клуб во кариерата му беше Вардар, а исто така го носеше дресот на Зомимак М, Работнички и РК Загреб.

„Сино-белите“ кои неодамна добија и нов тренер, се подготвуваат за настапот во третото квалификациско коло, како последна пречка за влез во групите од ЕХФ купот.

За ривал Металург го има словенечкиот клуб на Горење Велење, првиот меч ќе се одигра на теренот на противникот на 16 ноември, а реваншот е на 24 ноември во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Во редовите на Металург Маркоски ќе има можност да ја бруси формата за продолжението на сезоната и да биде подготвен за настапите на нашата репрезентација на претстојното ЕП кое ќе се игра во јануари следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот