Вељаноски, Ристовски и Атанасовски добија куќен притвор

Судијата Илија Трпков одлучи обвинетите во случајот „27 април“ Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски да бидат во куќен притвор до правосилноста на пресудата бидејќи можат да се дадат во бегство.

– Судот донесе решение предлогот на Обвинителството за укинувањето на мерката куќен притвор за Миле Јанакиески и определување притвор да се одби. Според советот, ваквата мерка е доволна за обезбедување на обвинетиот до правосилност на постапката или поинаква одлука на судот. Судот донесе решение по однос на предлогот за мерка притвор за останатите обвинети, тој делумно да се уважи. Спрема обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски се определува мерка куќен притвор до правосилност на пресудата. Забрана имаат за напуштање на местото каде ќе се издржува мерката куќен притвор. Има забрана за употреба на уреди за комуникација со лица. Ако не ги почитуваат мерките, ќе се определи притвор, рече Илија Трпков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот