Великденските јајца во Србија би можеле да чинат 50 динари по парче

Црвено велигденско јајце / Фото: Pexels/Chavdar Lungov

Јајцата заедно со млекото и сирењето се намирниците кои најмногу поскапеа изминатава година. Сега во продавниците пакување од 10 јајца тешко може да се најде по цена пониска од 230 динари, па дури и на маркетите кои обично се поевтини поскапеа, па оваа храна ја достигнува и оваа цена.

Очигледно поскапувањата нема да запрат, па соговорниците на Нова.рс прогнозираат дека врвот на поскапувањата може да се очекува во април, кога се слави Велигден, празник кој не може да помине без вапцани јајца.

Како што за Нова.рс истакнува Радомир Ериќ од Државната асоцијација на живинари на Република Србија, цената на јајцата се формира врз основа на цената на храната за кокошките која лани чинела 1.000 динари, а сега чини 2.000. Според него, земјоделците лани плаќале 35 динари за концентрат, а сега плаќаат повеќе од 800 динари, објави Танјуг.

„Невозможно е да се предвиди точно што ќе се случи, но не би ме чудело ако околу Велигден цената на јајцата се искачи и до 50 динари за парче. Впрочем, ова е Србија, а трговците ги креваат цените повеќе отколку што треба. Ќе има секакви работи – тоа е мое мислење“, додава Ериќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот