Великаните се простуваат од Ники Лауда

Смртта на Ники Лауда ги изненади сите љубители на Формула 1 и на спортот воопшто, а меѓу првите кои се огласија се екипите за кои возеше и раководеше легендарниот Австриец.

„Денеска е тажен ден за Ф1. Големото семејство на Ферари со голема болка ја прими веста за смртта на својот член и пријател Ники Лауда, тројниот шампиони, кој двете титули ги освои со Скудерија. Ники, засекогаш ќе останеш во нашите срца и во срцата на нашите навивачи“ стои во соопштението на Ферари.

„Сите во Мекларен сме потресени од веста дека почина Ники Лауда, нашиот пријател, колега и светски првак во Ф1. Ники засекогаш ќе остане во нашите срца и запишан во нашата историја. Ники, почивај во мир“, објави Мекларен.

„Пред се, во има на нашиот тим и Мерцедес, сакам да изразам сочувство на сопругата Брижит, неговите деца, членовите на семејството и блиските пријатели. Ники беше комбинација на јунаштво, хуманизам и фер плеј како во кок-питот така и во животот. Неговото заминување остава празнина во Ф1. Не загубивме херој кој го направи најголемиот кам бек во Формула 1, туку човек кој на нашиот спорт му донесе чесност и искреност. Ќе ни недостасува. Исто така, Мерцедес загуби човек кој беше наша ѕвезда водилка, како член на нашиот тим во последните 6.5 години. Да се работи со него беше привилегија, со неговите мотивациски говори ни даваше енергија како никој досега и Ники, никој не може да те замени. Ми беше чест што ми беше пријател“, изјави Тото Волф, претседателот на Мерцедес.
Покрај екипите, последен поздрав упатија и актуелните и поранешните возачи во Формула 1.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот