Великан му нуди двегодишен договор на Балотели (ФОТО)

фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Минатата сезона Италијанецот играше за Ница и Марсеј. За Ница тој одигра 10 натпревари и забележа една асистенција, а како дел од Марсеј, Балотели беше на 15 средби на кои постигна осум погодоци.

Во моментов Балотели има статус на слободен агент.

– Тој е одличен играч и разговаравме со него. Марио покажа интерес да игра за Фламенго, но сè уште нема конечно решение. Остануваат многу прашања за решавање, изјави Родолфо Ландим, претседател на бразилскиот клуб.

Се поврзуваше и со враќање во Серија А, односно летово интерес за неговите услуги покажа екипата на Бреша, но финансиските барања беа преголеми за челниците на калчолигашот.

За „аѕурите“ од 2010 година забележа 36 мечеви и 14 погодоци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот