ВЕЛИКАН КАЈ ВЕЛИКАНОТ: Ѓоковиќ во научниот центар „Никола Тесла“!
Новак Ѓоковиќ, првиот светски рекет кој поради повреда на рамото изненадувачки го заврши многу рано учеството на УС Опен, го искористи престојот во Њујорк да ја посети една од најголемите знаменитости на овој град.
– Го посетив Научниот центар Никола Тесла на Лонг Ајленд во САД. Им се заблагодарувам на луѓето од организацијата кои убаво ме пречекаа. Беше нереално да се оди по земјата на кој Тесла откри некои од најзначајните пронајдоци кои денес се интегрален дел од модениот свет. Никола Тесла беше мултидимензионален човек кој толку направи за овој свет што ќе поминат уште многу години пред да сфатиме што навистина направил тој. Ти благодариме, нека живее уште долго твоето наследство и твојот вечен дух што нè води и чува – се зборовите на Ѓоковиќ.
Споменикот Никола Тесла се состои од два дела кои прават една целина, а на предниот дел за научникот е испишано:
– Никола Тесла, Србин и Американец, годината и местото на раѓање (1856, Смилјане), годината и местото каде што починал (1943, Њујорк), како и формулата за изведување на вршење на магнетна индукција: T=Wb/m2.
На задниот дел од споменикот стои една мисла на Тесла која може да послужи како уште еден детал во морето на одличните работи кои му ги оставил на светот.
– Доколку имав среќа да оставам барем некои од моите идеи, би било од полза за целиот човечки вид. Доколку моите надежи се остварат, најслатката мисла би била сето тоа биде достигнување на еден Србин! –