Велика Британија за првпат самостојно ќе воведе санкции за кршење на човековите права

Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Велика Британија, најверојатно во текот на денот, за првпат самостојно ќе воведе санкции за десетина лица кои се обвинети за кршење на човековите права во светот, пишува Би-Би-Си.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб ќе започне нов режим на санкции што ќе стапи на сила по Брегзит, со именување криминалци чии средства ќе бидат замрзнати.

Во минатото, Велика Британија секогаш воведуваше санкции колективно како дел од дејствувањето на ОН и Европската унија.

Сепак, по Брегзит, Велика Британија може да дејствува самостојно.

Раб, исто така, ќе претстави предлог-закон потребен за самостојно наметнување санкции.

Санкциите ќе бидат изречени на лица или организации обвинети за злоупотреба на човековите права ширум светот, како и на оние кои профитираат од тоа.

Се очекува Раб да наведе десетина лица чиј имот е замрзнат во Велика Британија, а на тие лица ќе им биде забранет влез во земјата.

На списокот се очекува да бидат државјани на Русија, Саудиска Арабија и Северна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот