Велика Британија со рекорден број починати од мај досега

Штама низ улиците на метрополата/ Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Велика Британија во изминатите 24 часа регистрира рекорден број на смртни случаи од коронавирус од мај досега, пишува лондонскиот весник „Гардијан”.

Потврдени се 691 смртен случај во изминатото деноноќие, што е највисоко ниво од почетокот на мај. Пред еден ден беа регистрирани 415 починати.

Во истиот период се потврдени 36.804 заразени лица, во споредба со вчерашните 33.517.

Од почетокот на епидемијата во земјата има вкупно 2.110.314 случаи на коронавирус и 68.307 смртни случаи како последица на Ковид-19.

Британските власти ги вратија ограничувањата поради појава на нов вид на коронавирус, за кој се претпоставува дека е 70 отсто позаразен. Тоа принуди десетици земји да ги затворат своите граници за луѓето кои пристигнуваат од Британија.

Европската комисија денеска им препорача на земјите-членки да ги отворат своите граници и да се обнови сообраќајот од суштинско значење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот