Велика Британија со нова порака: Останете безбедни, спасете животи

Британските власти се подготвуваат од идната недела да укинат дел од рестриктивните мерки и имаат нова порака до граѓаните – „Останете безбедни, спасете животи”.

Новата порака ја објави британскиот премир Борис Џонсон на Твитер.

Прво ќе им биде дозволено на граѓаните да ги посетат парковите, плажите и руралните делови на земјата, но само ако се придржуваат до правилото за физичка дистанца. Исто така предвидено е отворање на пабовите и кафулињата со градини, а ќе се разгледа и враќање на неконтактните спортови, како што се голф и тенис.

Џонсон, според британските медиуми, в недела ќе го објави намалувањето на мерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот