Велика Британија размислува за забрана на вејп-електронските цигари, Австралија ги укина

Фото: Wikimedia Commons

Велика Британија размислува потполно да ја забрани продажбата на т.е. „вејп“- електронските цигари. Забраната доаѓа по анализата од здравствените работници дека употребата на овој тип цигари е драстично зголемена кај младата популација од 11 до 17 години. Обединетото кралство е втора држава која забранува електронски цигари по Австралија каде вакви цигари може да се купат само со дозвола од лекар. Дозволата од лекар се добива само под услов вејп-електронските цигари да се користат за откажување на возрасната популација од пушење.

Лекарите во Велика Британија бараат потполна забрана на овој тип електронските цигари за еднократна употреба (вејп) за да се спречи зголемената употреба кај помладата популација. Кралскиот колеџ за педијатрија и детско здравје (RCPCH) соопшти дека е „длабоко загрижен“ за долгорочното влијание на испарувањето врз здравјето на „младите бели дробови, срца и мозоци“.

Се додава дека испарувањата од цигарите за еднократна употреба имаат ужасно влијание врз животната средина, при што околу 1,3 милиони од нив се фрлаат секоја недела во Британија. Владините консултации за забраната на цигарите завршуваат денеска, по што премиерот Риши Сунак ќе ги разгледа мерките што вклучуваат сузбивање на овошните вкусови и рекламирањето. Специјалистот за педијатриски респираторни болести на RCPCH, д-р Мајк МекКин, рече дека вајп електронските цигари треба да се забранат бидејќи, рече тој, нема апсолутно никаква причина „овие евтини, лесно достапни, рекреативни производи со светли бои“ да бидат достапни за еднократна употреба.

Овој тип на цигари со различни вкусови се шират како епидемија меѓу децата и се плашам дека доколку не се преземе нешто, ќе бидеме во голема криза, односно ќе продолжи масовното нивно ширење. Докторот вели дека неговата земја не е исклучок кога е забраната на овој тип на цигари во прашање бидејќи за исто размислуваат и земјите како Шкотска, Франција, Германија и Ирска .

Употребата на вејп-цигарите кај младите од 11 до 17 години е зголемена за 50 проценти во изминатата година, иако е нелегално да се продаваат на лица помлади од 18 години, пишува Тајмс.

Организацијата „Акција против пушењето и здравјето ја повика Британската влада да воведе „четири големи мерки“ за заштита на децата кои се цел на реклами за вејп. Тие предлагаат да се воведе и данок од 5 фунти по цигара бидејќи тој сега е многу евтин и може да се купи од џепарлак“, односно за само 2,99 фунти.

Австралија минатиот месец објави целосна забрана за вејп-електронските цигари освен ако тоа не го препише лекар, но министрите во Обединетото Кралство веруваат дека тие имаат важна улога во помагањето на возрасните да се откажат од пушењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот