Велика Британија повторно со рекорден број на новозаразени со коронавирус, над 93 илјади

Рекорд на нови случаи н а коронавирус во Британија/ Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Велика Британија денеска, трет ден по ред, јавува за нов рекорден број на новозаразени коронавирусот, со 93.045 случаи регистрирани во последните 24 часа, покажуваат најновите податоци од здравствените власти.

Соочена со, како што го нарече премиерот Борис Џонсон „цунами” на варијантата омикрон, поради што стравува од преоптоварување на здравствениот систем. Британија е меѓу најтешко погодените од пандемијата во светот, со вкупно 147.048 смртни случаи, од кои денеска се пријавени 111.

Англија воведе повторно задолжително носење маски на повеќето јавни места (освен пабови и ресторани), препорача работа од далечина и воведе ковид сертификат за поголеми собири. Шкотска и Велс се одлучија за построги мерки.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот