Велика Британија оваа недела секојдневно има околу 52.000 новозаразени

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Во Велика Британија оваа недела регистрирани се околу 52.000 нови случаи скоро секој ден, што е големо зголемување во споредба со претходната седмица кога дневниот пораст беше околу 35.000, покажуваат податоците објавени од Националната канцеларија за статистика (ОНС).

Истражувањето на ОНС за епидемијата проценува дека 568.100 луѓе имале ковид-19 помеѓу 17 и 23 октомври, за разлика од 433.300 претходната недела.

Се проценува дека едно од 100 лица во Англија оваа недела се заразило со коронавирусот, додека минатата недела тој однос бил еден спрема 130.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот