Велика Британија: Откриено месо кое било заразено со африканска свинска чума

Контролните служби на аеродром во северна Ирска детектирале вирус на африканска свинска чума, пренесува Гардијан, и додава дека ова е прв случај за појава на овој вирус во оваа земја.

Вирусот е откриен во пратка на повеќе од 300 килограми нелегално месо и млечни производи во кои имало траги на вирусот, кој може да преживее неколку месеци во преработеното месо.

Британското Министерство за земјоделство соопшти дека откривањето на траги од ДНК на вирусот не претставува значителна закана за здравјето на животните во Северна Ирска, ниту, пак, го менува статусот на државата, односно Велика Британија ќе продолжи да се декларира за земја во која нема свињи заразени од вирусот.

Во моментов во светот има околу 6.000 жаришта или области во кои се појавил вирусот африканска свинска чума. Оваа заразна болест најчесто се пренесува преку директен контакт со заразени животни, но, исто така, може да се шири преку инсекти како што се крлежи.

Вирусот може да преживее неколку години во замрзнатото месо, така што замрзнатите производи од месо претставуваат посебен ризик за пренесување на оваа болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот