Велика Британија: Најмал број на починати и заразени од крајот на март

Фото: Andy Rain / EPA

„Ројтерс“ објаснува дека во вкупниот број на жртви се вклучени уште 445 смртни случаи во Англија во периодот од 24 април до 31 март.

Велика Британија во понеделникот забележа уште 111 смртни случаи од Ковид-19, најмалку откако стапија на сила рестриктивните мерки со карантин од 23 март, соопшти тамошниот министер за здравство Мет Хенкок.

Хенкок додаде дека вчера е забележан и најмал број на новозаразени уште од 27 март, поточно уште 1.570 случаи.

Меѓутоа, агенцијата „АП“ пренесува дека податоците за корона објавени во понеделникот во главно се „неточно ниски“, поради доцнењето во пријавувањето на смртни случаи за време на викендот.

Хенкок додава дека починале вкупно 39.045 луѓе, но од „АП“ забележуваат дека тоа се 556 повеќе жртви од бројот на пријавени во неделата, па се поставува прашањето каде исчезнале уште 445 смртни случаи.

„Ројтерс“ објаснува дека во вкупниот број на жртви се вклучени уште 445 смртни случаи во Англија во периодот од 24 април до 31 март.

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во Британија досега починаа 39.127 луѓе од коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот