Велика Британија најавува амбициозна реформа за полесно издавање работни визи за странски стручњаци

Велика Британија стартува нов визен систем за олеснување на пристигнувањето во земјата на странски стручњаци, особено од областа на науката, истражувањето и технологијата, соопшти денеска британскиот министер за финансии, Риши Сунак.

Тој на пратениците им порача дека се надева Велика Британија да ја направи „најдоброто место во светот за висок раст и иновативни компании” и дека тоа ќе ги направи четирите нации од островот „меѓународно конкурентни”.

-Најавувам амбициозна реформа на визниот систем што ќе биде насочена кон високо квалификуваните мигранти, рече Сунак.

Како што објасни, тоа вклучува „нова категорија на неспонзорирани визи базирани на бодирање за привлекување на најдобрите и најперспективните таленти во светот на науката, истражувањето и технологијата и нов, подобрен систем за обработка на визи за растечките компании и претприемачи, како и радикално поедноставена бирократија за добивање виза за висококвалификуваните апликанти”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот