Лондон, Англија, Велика Британија / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Велика Британија ќе ја признае Палестина овој викенд

Велика Британија формално ќе признае палестинска држава овој викенд, откако американскиот претседател Доналд Трамп, кој се противи на одлуката, ќе ја напушти земјата по државната посета, објави денес „Тајмс“  повикувајќи се на извори.

„Тајмс“ вели дека Велика Британија ќе објави одлука за признавање на државата Палестина откако Трамп ќе се врати во Вашингтон во четврток.

Британскиот премиер Кир Стармер претходно објави дека Велика Британија ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации следната недела, освен ако Израел не преземе суштински чекори за ублажување на ситуацијата во Газа.

Трамп во јули изјави дека нема да му пречи ако Велика Британија ја признае Палестина, по што САД се спротивставија на слични најави од други европски сојузници.

Трамп во моментов е  во официјална посета на Велика Британија, прва од овој мандат.

Кејт Мидлтон, принцот Вилијам, Доналд Трамп и Меланија Трамп / Фото: Ian Vogler/Daily Mirror / PA Images / Profimedia

Трамп пристигна во Лондон во вторник вечерта кога изјави дека му се допаѓа што е назад во Велика Британија, која ја нарече „многу посебно место“, и дека кралот Чарлс е негов долгогодишен пријател кого многу го почитува, и дека поканата да дојде во замокот Виндзор е „исклучително голема чест“.

За време на посетата на Трамп, пред замокот Виндзор, каде што се одржува состанокот, беа организирани протест против Трамп и пропалестински протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот