Велика Британија ќе потроши 705 милиони фунти за создавање погранични контроли по Брегзит

брегзит стопанство
Брегзит тргна на полошо / Фото: Архива на Слободен печат

Велика Британија до крајот на годината планира да потроши 705 милиони фунти за создавање погранични контроли по Брегзит, соопшти владата.

Владата ќе инвестира во нова инфраструктура, царинска технологија и работни места „за да се осигура дека границите се подготвени за целосна независност”, изјави британскиот министер за Брегзит, Мајкл Гов, пренесе „Телеграф”.

Гов кажа дека парите ќе „обезбедат границата на Велика Британија да бидат подготвени кога земјата ќе ја преземе контролата на 1 јануари 2021 година”, додавајќи дека Брегзит е „нешто како преселување”.

На 31 јануари годинава Велика Британија и официјално ја напушти Европската унија, откако на референдумот во 2016 година за оваа идеја гласаше тесно мнозинство.

Има многу мали промени за време на планираните преодни 11 месеци за кои Гов и премиерот Џонсон рекоа дека нема да бидат продолжени и покрај недостатокот на напредок во преговорите засенети од кризата со коронавирус.

Гов во неделата истакна дека владата не се плашеше да ја напушти Европската унија без договор за идна трговија.

„Во тек сме на интензивни преговори да ги постигнеме најдобрите можни трговски услови со соседите од ЕУ, но нема да се повлечеме кога станува збор за најважните принципи за кои земјата гласаше кога решивме да ја напуштиме Унијата”, напиша тој.

„Без оглед на природата на нашите трговски односи со ЕУ, ние ќе бидеме надвор од единствениот пазар и царинската унија – што значи дека ќе бидат неопходни подготовки за нови договори за извоз и нови гранични процеси, без оглед на тоа дали ќе донесат преговорите”, рече Гов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот