Велика Британија ќе партиципира со 430 милиони фунти во СЗО

Борис Џонсон / Фото: Архива на Слободен печат

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска на Генералното собрание ОН во Њујорк ќе соопшти дека Обединетото Кралство за 30 отсто ќе го зголеми својот придонес кон Светската здравствена организација (СЗО), но и дека истовремено бара нејзина реформа и повикува на обновување на прекуграничната соработка, јавија британските медиуми.

Во снименото обраќање до Генералното собрание на ОН, Џонсон ќе посочи дека пандемијата  на Ковид-19 ги зголеми бариерите за трговија.

-По девет месеци борба против Ковид-19, во прашање беше доведен и самиот поим за меѓународна заедница. Ако не се обединиме и не го свртиме огнот кон заедничкиот непријател, сите ќе изгубиме. Сега е време човештвото да ги прескокне границите и да ги затвори тие грди пукнатини, пренесоа британските медиуми делови од говорот на Џонсон, што им се доставени на медиумите.

Неговиот план предвидува глобална мрежа на истражувачки центри, поголем капацитет за производство на вакцини и договор за намалување на извозните тарифи воведени на почетокот на пандемијата.

Британскиот премиер ќе сооопшти конкретно дека Велика Британија во следните четири години за СЗО ќе одвои 340 милиони фунти, 30 проценти повеќе отколку во претходниот период.

Велика Британија, заедно со Франција и Германија, но со барање за реформа, го поддржува СЗО, која се соочи со критики за нејзиниот одговор на пандемијата на коронавирусот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот