Велика Британија ќе испрати 1 000 дополнителни респиратори во Индија

epa09172069 A body is prepared for the last rites at funeral pyres for COVID-19 victims at a makeshift cremation ground in New Delhi, India, 01 May 2021. The country has reported a record number of 400,000 new COVID-19 cases in one day. EPA-EFE/IDREES MOHAMMED

Велика Британија ќе испрати 1 000 дополнителни респиратори во Индија со цел да ѝ помогне на земјата зафатена од пандемија на коронавирусот, објави британската влада.

– Велика Британија секогаш ќе биде тука за Индија кога ѝ биде потребно, се вели во соопштението на британскиот премиер Борис Џонсон, кој поради пандемијата во таа земја мораше да го откаже патувањето во Индија.

Борис Џонсон треба да разговара со индискиот колега Нарендра Моди во вторник, со цел да ја „продлабочи соработката меѓу двете земји, особено во борбата против пандемијата на коронавирусот“, објави Даунинг стрит.

– Важно е внимателно да ги слушаме индиските власти и да видиме што треба да им испратиме, што им треба и што сакаат, изјави за Скај њуз британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб, кој неодамна разговараше со неговиот индиски колега Субрахнјајам Јаишанкар.

Тие ќе се сретнат во понеделник на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Лондон.

Првата пратка со кислород и респиратори од Велика Британија пристигна во Индија во вторникот, а втората, слична, е треба да пристигне во петок.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот