Велика Британија ќе дели брзи тестови за семејствата со деца кои посетуваат училиште

Корона тестови/ Фото: EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Министерството за здравство на Велика Британија денеска соопшти дека сите домаќинства со деца кои посетуваат основно или средно училиште еднаш неделно ќе имаат можност да добијат два брзи теста против ковид-19, со цел да се направат напори учениците што е можно поскоро да се вратат на училиште.

Британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела објави дека е изготвен план за укинување на ограничувањата и понуди претпазлив пристап кон спречување на повторно воведување на сеопфатните ограничувања што и нанесоа штета на британската економија.

Џонсон рече дека враќањето на учениците на училиште од 8 март, со минимални социјални контакти на отворено, е приоритет во првата фаза.

Министерството за здравство соопшти дека комплетите за брзи тестови ќе бидат достапни од утре на повеќе од 500 локации, но тестовите ќе се спроведуваат и на работните места и во локалните центри за тестирање.

Учениците од основните и средните училишта ќе бидат тестирани двапати неделно, најпрво во училиштата, а потоа ќе добијат тестови за домашна употреба. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот