Велика Британија го забележи најголемиот дневен пораст на новозаразени со коронавирус од 12 јуни

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Во Велика Британија се регистрирани нови 1.522 случаи на заразени со коронавирусот, што е најголем број на позитивни случаи на Ковид-19 во еден ден уште од 12 јуни.

Бројот на нови случаи е поголем во однос на вчера, кога беше објавено дека за 24 часа биле потврдени 1.048 случаи на Ковид-19.

Британските власти соопштија дека во последните 24 часа починале уште 12 лица кои во последните 28 дена биле позитивни на тестот за коронавирусот.

Според официјалните информации, во Велика Британија досега починале 41.477 луѓе позитивни на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот