Велика Британија два пати ќе ги тестира сите патници за да спречи ширење на коронавирусот

EPA-EFE
Ковид тест / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Велика Британија два пати ќе ги тестира сите патници кои доаѓаат во земјата во обид да го контролира ширењето на новите видови на вирусот, објави Телеграф.

Владата претходно најави мерки карантин од 15 февруари за луѓето кои доаѓаат во земјата од територии кои се сметаат како жаришта на коронавирусот.

Тестирањето сега ќе ги опфати патниците од сите земји, а не само оние кои доаѓаат од жаришта, наведува Телеграф и додава дека министерот за здравство ќе ги објави плановите следната недела.

Британската влада не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот