Велика Британија дневно вакцинира 200.000 лица против ковид-19

Фото: Профимедиа

Британија вакцинира 200.000 луѓе дневно против Ковид-19 и планира да ја засили имунизацијата на два милиона неделно, што е неопходно за да се заштитат најзагрозените лица до средината на февруари, изјави денеска британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

– Во моментов, ние вакцинираме над 200.000 луѓе секој ден, изјави Хенкок за Скај Њуз.

Според него, околу една третина од лицата постари од 80 години се вакцинирани, така што е направен значителен напредок, но треба да се направи уште повеќе.

– Оваа недела ги отвораме центрите за масовна вакцинација, истакна Хенкок.

Видео на денот